Лозарите остануваат на барањата за повисоки цени на грозјето

Лозарите остануваат на барањата за повисоки цени на грозјето

Кавадарци, 24 август 2018 (МИА) - Лозарите од Тиквешијата остануваат на барањата за повисоки цени на грозјето и одлуката да блокираат патишта,  доколку винарите останат глуви на нивните реакции. Ова утринава го потврди за МИА Трајче Кулев, претседател на Здружението “Напредни лозари”.

- По повикот на Здружението  лозарите да дојдат и со потпис да ни дадат поддршка за протести доколку не добиеме повисоки цени, синоќа се собраа лозари кои ја поддржаа идејата за блокирање на патишта, како револт кон игнорантскиот однос на винарниците, рече Кулев.

Нагласи дека експресно реагирале државната и локалната власт, па за вечерва била закажана средба во Кавадарци, на која се очекувал и премиерот Зоран Заев. свд/сд/09:36

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ-екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ-серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...