• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Почнува „Агра 2018“, Македонија земја-партнер

Почнува „Агра 2018“, Македонија земја-партнер

Скопје, 25 август 2018 (МИА) - Ајвар, лутеница, традиционално овчо сирење и јагне, органска храна и флаширано вино, се дел од производите што ќе ги промовира Македонија на Меѓународниот саем „Агра 2018“ во Горна Радгона, Република Словенија.

Македонија годинава е земја-партнер, поради што има централно место на саемот, со штанд од 140 метри квадратни. Во фокусот на македонската промоција ќе бидат и туризмот, како и можностите за инвестирање.

Саемот официјално почнува денеска и ќе трае до 30 август. Најавено е учество на преку 1.800 изложувачи од 36 држави на вкупно 71.300 метри квадратни површина. Настанот ќе го следат повеќе од 200 новинари.

Во фокусот на годинашната „Агра“ ќе бидат младите фармери, нивното вклучување во агро бизнисот, иновациите, дигитализацијата, паметните ИТ решенија, современата механизација и одржливоста на производството. Меѓу клучните теми ќе биде и пчеларството.

Саемот ќе понуди и изложби на добиток, конференции, предавања и тркалезни маси. Се планира одржување на преку 150 деловни, стручни, професионални, натпреварувачки забавни настани.

Проценката е дека „Агра 2018“ ќе привлече околу 120.000 посетители. мч/ев/08:11

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Две јапонски сонди слетаа на астероидот Ријугу (видео)

Јапонско вселенско летало „Хајабуса2“ испрати два ...

Која е разликата помеѓу белите и кафените јајца?

Најверојатно сте се запрашале за разликата меѓу ја...

Македонија го потврди учеството на Евровизија 2019

Македонија го потврди учеството на Евровизија 2019...

Во Минхен почна 185. издание на Октоберфест

Во Минхен денеска почнува 185. издание на познатио...

Кање Вест одлучи да го напушти Лос Анџелес

Кање Вест донесе одлука заедно со семејството да с...