Индов: Мостри ориз од неколку кочански оператори доставени на анализа

Индов: Мостри ориз од неколку кочански оператори доставени на анализа

Скопје, 27 август 2018 (МИА) - Државниот инспекторат за земјоделство денеска доставил на анализа нови мостри ориз земени од неколку магацини од Кочани за да се утврди дали се генетски модифицирани.

Како што изјави за МИА директорот на Инспекторатот Благој Индов, резултатите од анализите се очекуваат во среда или четврток.

- Прибравме мостри од неколку магацини од Кочани. Денеска се дадени на анализа. Поради тоа што е утре неработен ден, резултати очекуваме во среда или четврток, рече Индов.

Индов земјоделски инспекторат

Оризовото семе за кое Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) објави дека е генетски модифицрано и од увоз, според Индов, влегло во Македонија на нелегален начин.

Инспекторатот за земјоделство ја презема контролата врз генетски модифицираниот ориз на 21 август откако ги доби резултатите од анализите што дотогаш ги следеше АХВ. Тогаш Индов за МИА изјави дека контролите продолжуваат се додека не се дојде до узвониците

- Семето во овој случај не е увезено легално. Затоа, ќе ги продолжиме контролите. Наредниве денови ќе се истражува тоа. Уште не се знае за колку семе станува збор, утврдено е само дека кај повеќе производители има генетски модифициран ориз, рече директорот, потсетувајќи дека увоз на генетски модифицирано семе не е забрането, но мора да е со сертификат и декларирано. мч/са/14:15

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...