• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Во општините од југоистокот редовно се наводнуваат посевите на над 3.000 хектари

Во општините од југоистокот редовно се наводнуваат посевите на над 3.000 хектари

Гевгелија, 29 август 2018 (МИА) - Наводнувањето на земјоделските посеви на југоистокот од земјава се одвива редовно и покрај врнежливата сезона, потврдија денеска од подружницата ,,Јужен Вардар“ од Гевгелија која се грижи за наводнување во општините Гевгелија, Богданци и Валандово.

Со системите за наводнување преку хидромелиоративните системи Конска Река, Паљурци и Валандово се наводнува земјоделско земјиште на површина од 3.021 хектар во сопствеништво на 1.192 корисници кои потпишале договори со гевгелиската подружница на АД Водостопанство на РМ.

- Пред почетокот на сезоната беа извршени сите неопходни подготовки, пред се контролата на системите за наводнување при што беа отстранети сите дефекти. Покрај тоа извршивме чистење на каналската и цевководната мрежа и на браздите во должина од 260 метри. Целосно беа исчистени и бетонските и главните канали на ХМС Конска река во должина од 570 метри, на ХМС Удово во должина од 950 метри и на браната Паљурци, рече директорот Ристо Ѓуров.

За да се овозможи редовно и навремено наводнување на посевите, нагласи Ѓуров, за време на сезоната биле санирани бројни дефекти на мрежата за наводнување.им/скс/13:46

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...