Почнува бесплатното микрочипирање на милениците

Почнува бесплатното микрочипирање на милениците

Скопје, 1 септември 2018 (МИА) - Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Атанасов денеска во Универзитетска ветеринарна болница при Факултетот за ветеринарна медицина ќе аплицира микрочип на домашен миленик. Со тоа и официјално ќе го означи почетокот на кампањата за бесплатно микрочипирање на домашните миленици - кучиња и мачки.

На настанот ќе присуствуваат и претседателот на Ветеринарната комора на Македонија Томислав Николовски, како и професорот Пламен Тројанчанец од Ветеринарната болница.

Бесплатната идентификација и регистрација на домашните миленици (кучиња и мачки) ќе трае до 31 март идната година, односно додека не се потрошат набавените 100.000 микрочипови, а ќе се спроведува по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Како што информира завчера директорот Атанасов кога ја промовираше кампањата, договори за бесплатно микрочипирање се склучени со 135 ветеринарни друштва. Сопствениците на милениците ќе треба да платат само 120 денари за пасош за домашен миленик што ќе можат да го употребат при патување надвор од државата. мч/дма/08:00

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Со масло за јадење бркале зли духови од музеј

Суд во Атина осуди две бугарски државјанки на чети...

Меган Маркл во живанши-тоалета од 2.510 фунти

На традиционалната средба со припадници на маорска...

Ѕвездата од „Бубалици“ во уште една хумористична хит-серија

Еден од главните актери во комедијата „Бубалици“, ...

Тинејџерка преживеала 49 дена на отворено море пиејќи цедена морска вода

Индонезиска тинејџерка минала 49 дена на отворено ...

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...