• A-
  • A
  • A+
вторник, 18 септември 2018, 

Нивото на реките над просекот за септември

Нивото на реките над просекот за септември

Скопје, 3 септември 2018 (МИА) - Нивото на реката Вардар е над просекот за септември кај Јегуновце, Скопје и Велес, додека реката Пчиња кај Катлановска Бања е речиси двојно под просекот за септември.

Вардар кај Јегуновце покажува двојно покачување, додека кај Велес е само на два сантиметри над просекот за септември.

Според денешните хидролошки мерења на УХМР, зголемувања на водостоите се измерени и на Треска кај Македонски Брод, на Брегалница кај Штип, на Црна Река кај Новаци и Црн Дрим кај Ложани.

УХМР евидентира и намалувања, на Крива Река кај Крива Паланка и на Брегалница кај Берово.

Кај сите природни езера е евидентиран зголемен водостој над договорената квота. Измерената температура на водата на Охридското и Преспанското Езеро е 23,5 степени, а на Дојранското Езеро 27,4 степени.  аа/са/11:47

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ