• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Со европските фондови побрзо до развиено земјоделството

Со европските фондови побрзо до развиено земјоделството

Скопје, 4 септември 2018 (МИА) - Да се обнови меморандумот за соработка меѓу платежните агенции на Македонија и Бугарија, побара денеска директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството Николче Бабовски од бугарскиот министер за земјоделство Румен Порожанов.

Обновувањето на меморандумот, истакна Бабовски, е од големо значење за секторот земјоделство посебно ако се има предвид почнувањето на претпристапниот период на Македонија за членство во ЕУ.

- Искуството што го има Бугарија во претпристапните преговори за нас е од огромно значење, рече директорот.

На средбата, Порожанов искажа поддршка Македонија да продолжи да го трасира патот кон Европската унија зашто тоа, рече, носи развој на земјоделскиот сектор, производството, преработката и руралните подрачја.

- На македонските земјоделци и се потребни ЕУ и фондовите што таа ги нуди. Бугарија е најдобриот пример во регионот за тоа какви придобивки нуди членството во европското семејство. Само лани, за аграрот имавме 1 милјарда и 600 милиони евра средства на располагање, рече бугарскиот министер.

Според него, со европските фондови брзо ќе се развие агро секторот. Приходот на секој земјоделец од 2007 до 2012 та година, од пристапувањето на Бугарија во ЕУ, е зголемен за 49 отсто.

На средбата со порожанов присуствуваа и посебниот советник за земјоделство на премиерот, Ленче Николовска, како и советникот на министерот за земјоделство Томе Мојсовски. мч/сд/14:43

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Се вљубил на прв поглед, му го дала бројот, а потоа му го украле телефонот

Британецот Ден Милингтон на Ибица запознал девојка...

Kолумбиjа затвори музеј на Пабло Ескобар

Колумбискиот град Меделин, во соработка со миграци...

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...