• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Во штипскиот регион во полн ек бербата на грозјето

Во штипскиот регион во полн ек бербата на грозјето

Штип, 4 Септември 2018 (МИА) - Бербата на грозјето во штипскиот регион е во полн ек, а истовремено се одвива и откуп во трите винарии. Откупувачите велат дека годинава им се нудат различни сорти грозје, но доминира вранецот. Задоволни се од квантитетот, но не и од квалитетот на грозјето.

- Квалитетот на грозјето е подпросечен или незадоволителен, имајќи предвид дека минатата година беше лоша и големи измрзнувања претрпеа лозовите насади што се рефлектираше врз сегашниот род, рече директорот за производство во „Имако вино“ Атанас Рунчев.

Тој истакна дека лозовите насади беа зафатени и од болести, пепелница и пламеница, а малиот број шеќерни единици е резултат на дождовите, кои паѓаа во период кога грозјето зрееше и му беа потребни сончеви часови.

Следните неколку дена ќе почне и бербата на „смедеревката“, сорта која беше помалку погодена од временските неприлики. - Очекувам дека ќе биде подобар квалитетот во однос на „вранецот“, но оставам да видиме какви ќе бидат временските прилики при бербата, рече Рунчев.

Во штипскиот регион има околу 500 хектари лозови насади, а винариите годинава очекуваат да откупат двојно повеќе грозје од лани и целосно да ги пополнат своите капацитети. вдј/мч/15:53

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ