Јавен повик на АПРЗ за учество во подобрување на земјоделските стопанства во Македонија

Јавен повик на АПРЗ за учество во подобрување на земјоделските стопанства во Македонија

Битола, 6 септември 2018 (МИА) - Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството-АПРЗ со седиште во Битола објави јавен повик за учество во пилотни активности за диверзификација и подобрување на ефикасноста на земјоделските стопанства во Македонија.

Станува збор за проект во рамки на инструментот за претпристапна помош на конзорциумот Еволуксер во партнерство со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кои го имплементираат проектот „Градење на основи за реформи во тутунскиот сектор“ финансиран од страна на Европската Унија.

- Главната цел на овој проект е да придонесе во адаптирањето на тутунскиот сектор кон заедничката земјоделска политика и регулативата на ЕУ. Проектот е структуриран во 5 активности, а во една од нив планирано е проектирање на пилот активности за диверзификација на приходите остварени од производството на тутун, со воведување на алтернативни култури и зголемување на ефикасноста на производството на тутун. Повикот се однесува на земјоделски стопанства, производители на тутун кои имаат сопствено или земјиште во владение и доброволно ќе земат учество во проектните активности. Со проектот се обезбедуваат семенски материјал, репроматеријали и секаков вид на други набавки кои се потребни за соодветно спроведување на пилотните активности, посочуваат од АПРЗ.

Пилот активностите ќе се реализираат во Битола, Прилеп и Радовиш во соработка со земјоделски производители, тутунопроизводители кои одгледуваат тутун, а вкупната површина на земјоделското земјиште за пилотните активности треба да биде со минимум 0.4 хектари, од кои вкупно расположливото земјиште за пилотните активности е со минимум 0,2 хектари евидентирани во регистрите на МЗШВ.

- Изборот на учесниците ќе го изврши комисија за селекција која се очекува да избере 40 апликанти земјоделски стопанства, производители на тутун, на кои ќе им биде дадена поддршка во текот на имплементацијата на проектот. Предност при изборот ќе имаат земјоделските стопанства кои се дел од ФАДН системот за сметководство на фарми, нагласуваат од АПРЗ.

Приемот и регистрацијата на пополнетите апликации се вршат до 17 септември. мт/цр/14:00 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...