• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Двојно намален водостојот на Пчиња

Двојно намален водостојот на Пчиња

Скопје, 10 септември 2018 (МИА) - Двојно е намален водостојот на Пчиња во однос на септемврискиот просек, а намалени се и нивоата на Вардар кај Јегуновце, Крива Река и Брегалница кај Берово, покажуваат денешните хидролошки мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.

Околу септемврискиот просек, но со благо зголемување, се водостоите на реките Вардар кај Зајчев Рид, Велес и Демир Капија, како и на Црна Река и на Црн Дрим, кaј кого се забележува најголемо зголемување на нивото од 24 сантиметри во споредба со просекот за септември.

Кај езерата нема поголеми промени во споредба со септемврискиот просек. бак/скс/10:48

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ