Зајакнување на биосигурносните мерки во свињарството

Зајакнување на биосигурносните мерки во свињарството

Скопје, 12 септември 2018 (МИА)Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов, денеска ќе ја посети свињарската фарма „Агро софт“ во Велес. Ќе информира за јакнење на биосигурносните мерки на свињарските фарми и ќе го промовира Прирачникот за воведување биосигурносни мерки на одгледувалиштата на свињи што го подготви АХВ.

Стручни лица од АХВ ќе извршат категоризирање на „Агро софт“ со цел утврдување на нивото на ризик, преку процена и утврдување на степенот на имплементираните биосигурносни мерки.

- Унапредувањето на биосигурносните мерки и предвиденото прекинување на превентивната вакцинација на свињите против болеста класична свинска чума во 2020 година претставуваат основа во иднина да се побара од Европската Унија, Република Македонија да добие статус на слободна земја за извоз на свежо свинско месо и на европскиот пазар, велат од АХВ. мч/са/07:35

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...

Тренерот на Баерн им порача на фудбалерите да не одат сами на „Октоберфест“

Од овој викенд Баварија повторно живее во знакот н...