• A-
  • A
  • A+
вторник, 19 јуни 2018, 

Развој на локалната економија преку производство на биогорива

Скопје, 20 ноември 2013 (МИА) - Национална работилница за унапредување и развој на локалната економија преку производство на биогорива и рурални иновации во рамки на ЕУ проектот „Унапредување на соработката во Југоисточна Европа со помош на активности за зајакнување на Регионалниот совет за соработка (РЦЦ)“ ќе се одржи денеска во Скопје.

Организатори се Централно европската иницијатива (Central European Initiative), Регионалниот Совет за соработка (Regonal Cooperation Council) и Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), а ќе се дискутира за идентификација на потенцијалните или тековните проекти за производство на нова генерација биогорива во Република Македонија и регионот.

На работилницата ќе говорат проф. д-р Христина Спасевска, национален експерт на Регионалната иницијатива за енергетски одржлив развој, Мирослав Кукобат експерт за енергетика и инфраструктура во Регионалниот Совет за соработка и Мирослав Спасојевиќ консултант.

Основната цел на проектот, финансиран од регионалниот предпристапен фонд – ИПА 2010, е да се придонесе кон регионална кохезија во Југоисточна Европа, како и во процесот на приклучување на државите од западен Балкан во Европската Унија. ва/бак/7:33

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Еј-би-си работи на спин-оф продолжение на ТВ серијата „Розен“, но без Розен Бар

Продукциската куќа Еј-би-си е во преговори за спин...

Хедер Локлир се обидела да се самоубие

Ѕвездата од американските ТВ серии „Династија" и „...

Снимено раѓање на делфинче во базен на отворено во Одеса (видео)

Посетителите на Делфинаруимот во градот Одеса, Укр...

Ем-ти-ви филмски и ТВ награди 2018

„Црниот пантер“ ја освои главната награда на додел...