Во ХЕС „Црн Дрим“ лани произведени над 256 милиони киловат-часови струја

Во ХЕС „Црн Дрим“ лани произведени над 256 милиони киловат-часови струја

Дебар, 16 јануари 2018 (МИА) - Хидроелектраните „Шпилје“ и „Глобочица“ кои го сочинуваат Хидроенергетскиот слив (ХЕС) „Црн Дрим“ минатата година произвеле над 256 милиони киловат-часови електрична енергија.

- Во ХЕ „Шпилје“ кај Дебар се произведени 158,6 милиони киловат- часови електрична енергија што претставува остварување на планот за 57,6 отсто. Во ХЕ „Глобочица“ кај Струга се произведени 97,6 милиони киловат-часови што значи остварување на годишниот план за 52,9 отсто, изјавија за МИА од ЕЛЕМ.

Турбините на двата значајни електроенергетски објекта во поголем дел од годината произведувале според потребите на системот, но импакт за помалото производство има и неповолната хидрогија на ова сливно подрачје.

Двете хидроелектрани технички се во солидна кондиција, а нивото на акмулациите е во рамки на просекот за овој период од годината. По последните дождови, се забележува благо зголемување на дотекот на вода во акумулациите. вт/мч/12:40

 

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...