• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Горивата поскапи за еден денар

Горивата поскапи за еден денар

Скопје, 22 јануари 2018 (МИА) - Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,57, односно за 1,71 отсто.

Новата малопродажна цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 69,5, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 60,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 49 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,539 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 29,906 денари за килограм.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 4,54 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 1,44 отсто повисокиот крус на доларот во однос на денарот. вј/са/12:41

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...