ЕЛЕМ: ТРАНСМЕТ се откажа од договорот за ископ на јаглен во РЕК Битола, ЕЛЕМ ќе објави нов тендер

ЕЛЕМ: ТРАНСМЕТ се откажа од договорот за ископ на јаглен во РЕК Битола, ЕЛЕМ ќе објави нов тендер

Скопје, 2 февруари 2018 (МИА) - АД ЕЛЕМ соопшти дека правното лице ТРАНСМЕТ се откажало од договорот за ископ на јаглен во РЕК Битола и ги известило дека се повлекува од претходно добиениот тендер поради неможност да ги исполни обврските за ископ според утврдената динамика.

Според соопштението, договорот со ТРАНСМЕТ од денеска е раскинат и АД ЕЛЕМ ќе ги преземе сите правни дејствија кои му стојат на располагање согласно договорот и согласно законите за да ја намали штетата која му е причинета од несовесното работење на наведеното правно лице, а со тоа да ја намали и штета врз јавниот интерес, сега, но и во иднина.

- АД ЕЛЕМ ќе ја наплати банкарската гаранција од 300 илјади евра, која има право да ја активира по неколку основи од договорот, кои ТРАНСМЕТ ги прекрши. АД ЕЛЕМ ќе испрати известување до Бирото за јавни набавки за активирање на банкарската гаранција, по што следува издавање негативна референца од страна на бирото за конкретното правно лице, со што ова правно лице ќе биде спречено да учествува на државни тендери во траење од една година и ќе биде оневозможено да нанесе евентуална штета врз други државни фирми и институции, стои во соопштението.

Воедно, информираат дека во изминатите три месеци од кога е склучен договорот, правното лице ТРАНСМЕТ не ги испорача договорените количини јаглен за ниту еден месец, ниту ги надомести во следниот месец, како што дополнително се обврза. Исто така, во вториот и третиот месец испорачувало јаглен со недоволна калориска вредност.

- Од друга страна, во подолг период имаше застој во работата поради штрајк на работниците на ова правно лице, кои во последните 20 дена целосно го запреа ископот. Сакаме да нагласиме дека АД ЕЛЕМ во договорот имаше наведено и дека ТРАНСМЕТ како договорна страна е потребно редовно да исплатува плати за своите вработени и дека нивното неисплатување може да биде една од основите за раскинување на договорот од страна на АД ЕЛЕМ.

Со оглед на тоа што овој договор е веќе раскинат, АД ЕЛЕМ, наведува дека и понудиле на фирмата која била второрангирана на тендерот да склучи договор и да го преземе ископот на јаглен, но откако тоа било одбиено, компанијата ќе распише нов тендер за избор на надворешна фирма за ископ на јаглен во РЕК Битола, односно во рудникот Брод-Гнеотино.

Во меѓувреме додека да се реализира новиот тендер, ископот на јаглен, наведуваат, ќе се покрие преку т.н. итна постапка, односно ќе бидат повикани неколку фирми кои имаат работено на ископ и транспорт на јаглен и јаловина, од кои ќе се избере најповолна понуда и ќе се склучи спогодба за привремено вршење ископ во следните три месеци, односно до конечниот избор на фирма за ископ, преку тендер и е-аукција.

Потенцираат и дека новонастаната негативна ситуација раководството на АД ЕЛЕМ успева да ја менаџира во насока да одговори на потребите за електрична енергија и обезбедување енергетска стабилност на системот. вг/скс/15:35

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...