• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

ЕВН Македонија ги достави фактурите со нов изглед до корисниците

ЕВН Македонија ги достави фактурите со нов изглед до корисниците

Скопје, 2 февруари 2018 (МИА) - ЕВН Македонија од почетокот на годинава почна со доставување на фактурите со нов изглед до корисниците. Новиот дизајн, како што наведуваат од ЕВН Македонија, на корисниците им овозможува лесно читање на сите податоци што се составен дел на фактурата.

На првата страна во горниот дел се напишани податоците за корисникот и фактурата. Транспарентно е прикажана потрошувачката на електрична енергија во ниска и висока тарифа, изразена во кwh и денари. Дијаграмот во долниот лев дел јасно покажува каде и во колкав процент одат средствата кои ги плаќаме за потрошена електрична енергија.

На втората страна се напишани совети за штедење, начини на плаќање на фактурата како и упатство за наједноставно онлајн плаќање со што сметките можат да се плаќаат преку компјутер без провизија притоа избегнувајќи чекање во ред на шалтерите.скс/са/15:38

###



 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...