• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Екипите на ЕВН ги санираат дефектите во дистрибутивната мрежа

Екипите на ЕВН ги санираат дефектите во дистрибутивната мрежа

Скопје, 14 февруари 2018 (МИА) - Големо невреме проследено со обилни врнежи од дожд и снег предизвикаа прекини во снабдувањето со електрична енергија во југозападниот дел на Македонија.

Без напојување се дел од населените места во планинските региони во охридско, струшко, во кичевско, гостиварско, во Ресен и околните села, во реканскиот крај, во мавровскиот регион и неколку планински села во тетовскиот регион.

Од ЕВН Македонија информираат дека нивни екипи во текот на вчерашниот ден ги санирале дефектите во повеќе населени места, освен онаму каде што имало проблеми со пристапот поради големи наноси од снег и одрони на патот.

Од ЕВН додаваат дека од утринава екипите се постојано на терен и како ги санираат дефектите, така населените места се пуштаат под напон.

Со цел побрзо справување со дефектите од невремето, ЕВН ги активираше сите расположливи ресурси, човечки и материјални. Зимските возила, моторните санки и целата опрема е во служба на екипите за пробивање на најкритичните и непристапни места.

ЕВН Македонија е во постојана координација со другите енергетски компании кои го сочинуваат енергетскиот систем во земјава, со цел надминување на сите проблеми кои ги предизвика невремето. дма/сст/18:23

###

  

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ