• A-
  • A
  • A+
среда, 26 септември 2018, 

ЕВН: Санирани поголемиот дел од дефектите на среднонапонско ниво

ЕВН: Санирани поголемиот дел од дефектите на среднонапонско ниво

Скопје, 15 февруари 2018 (МИА) - ЕВН Македонија соопшти дека поголем дел од настанатите дефекти на среднонапонско ниво кои беа предизвикани од невремето во југозападниот дел на државава се отстранети. Екипите на ЕВН Електродистрибуција сега работат на решавање на проблемите во снабдувањето во останатиот дел на среднонапонска и нисконапонска мрежа.

Според ЕВН Македонија, без напојување се само уште неколку села во високите планински делови кои биле непристапни за екипите и каде временските услови не дозволиле да се работи во текот на ноќта. Над 80 проценти од корисниците во регионот кој беше зафатен од невремето имаат стабилно снабдување со електрична енергија, соопштуваат од компанијата.

Потенцираат дека од утринава е ангажиран максималниот расположлив капацитет од страна на ЕВН Електродистрибуција и надворешните компании во отстранување на дефектите, а најинтензивно се работи на потегот Струга-Јанче за да се овозможи стабилно снабдување со електрична енергија на жителите од Центар Жупа и реканскиот крај.

- Екипите на ЕВН Електродистрибуција ќе бидат постојано на терен во текот на целиот ден за да се овозможи непречено снабдување со електрична енергија на сите корисници на југозападниот дел на Македонија кој беше зафатен од големото невреме, се вели во соопштението.лв/сд/11:03

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Кина ќе ги проучува поларните области на Месечината

Кина има намера до 2030 да испрати апарат кој ќе г...

Казна за непристојните во градскиот превоз

Многумина, поготово момчињата имаат навика во авто...

Мел Гибсон снима преработка на „Дивата орда“

Познатиот глумец и режисер Мел Гибсон ја подготвув...

Почина уште еден актер од серијата „Синови на анархијата“, втор во три месеци

Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата в...

Вили на Босфорот се продаваат за цени и до 100 милиони долари

Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул...