ЕВН Македонија го отвори првиот Инфо центар во ГТЦ во Скопје

ЕВН Македонија го отвори првиот Инфо центар во ГТЦ во Скопје

Скопје, 15 февруари 2018 (МИА) - Корисниците од денеска можат да ги користат услугите на првиот Инфо центар на ЕВН Македонија во Градскиот трговски центар во Скопје, каде можат да се информираат за сите услуги на компанијата.

- Инфо центарот претставува изложбен простор кој овозможува и презентација на мултимедијални содржини од особено значење за корисниците, како совети за рационално користење на електричната енергија, велат од компанијата. 

Преку современ терминал, додаваат, корисниците (физички лица) лесно и едноставно ќе можат да вршат безготовински уплати на сите долгови во системот за сопствениот број на корисник/матичен број.

- Уплатите ќе можат да се вршат како за фактури, така и за останати долгови поврзани со нив, на брз и сигурен начин со добивање на соодветна потврда за тоа. Исто така, преку овој терминал корисниците ќе можат да добијат и копија од својата сметка во хартиена форма преку внесување на сопствените податоци, потенцираа од ЕВН Македонија.

Потсетуваат дека на своите корисници веќе одамна им нудат можност за користење на онлајн услуги за олеснување на плаќањето. Сите корисници можат да ги добијат електронски фактурите за електрична енергија, на нивната електронска пошта, а плаќањето можат да го извршат преку сајтот на ЕВН Македонија.

ЕВН Инфо центар Штефан

 

- Сите информации поврзани со потрошувачката може да ги добијат и телефонски преку нашиот контакт центар. Но, ние ја разбираме потребата на корисниците за човечки контакт во процесот на услужување, и затоа го развивме и отворивме Инфо центарот во Градскиот трговски центар во Скопје, место каде што корисниците можат лично да се информираат за сите услуги и поволности кои ЕВН Македонија ги нуди, рече Штефан Петер, претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија.

Во Инфо центарот, додаде, нема да може да се поднесуваат документи за конкретна услуга или процес, но може да добијат целосни информации за услугата или процесот, да подигнат соодветна документација, како и да бидат упатени на конкретната услужна точка за реализирање на бараната услуга. Единствен исклучок во делот на поднесување на документација е поднесување на документи за ажурирање на лични и контакт податоци.

Во блиска иднина планирано е во Инфо центарот корисниците да можат да набават уникатни продукти поврзани со енергетската ефикасност, како и услуги за целосно реализирање на проекти од истата област. Инфо Центарот инкорпорира и забавен интерактивен дел, каде и децата и младите посетители ќе можат да го поминат своето време, добивајќи корисни совети и презентација на темите поврзани со електричната енергија. вј/сд/13:42

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ