Општина Струмица ќе продолжи да го субвенционира приклучувањето на гасоводниот систем

Општина Струмица ќе продолжи да го субвенционира приклучувањето на гасоводниот систем

Струмица, 28 февруари 2018 (МИА) - Со средства од буџетот на општина Струмица ќе се субвенционира дел од надоместокот за стандарден приклучок на дистрибутивниот гасоводен систем на Јавното претпријатие за енергетски дејности „Струмица-Гас“. 

Ваква одлука донесоа членовите на Советот на општина Струмица на вчерашната седница.

Делот што ќе биде субвенциониран е во износ од 100 евра по приклучок за педесет домаќинства.

Субвенционирањето ќе се изврши преку јавното претпријатие „Струмица-Гас“, а средствата се обезбедени од буџетот на Општината за оваа година.

Општината и во минатите години вршеше вакво субвенионирање со цел да им помогне на граѓаните кои сакаат да се приклучат на дистрибутивниот гасоводен систем и да ги уживаат благодетите на природниот гас.

Инаку, надоместокот за приклучок изнесува 600 евра. рт/дма/13:55

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ