Нова инвестиција на „Лукоил“ во Македонија, отворена 28. бензиска станица

Нова инвестиција на „Лукоил“ во Македонија, отворена 28. бензиска станица

Скопје, 7 март 2018 (МИА) - Руската нафтена компанија „Лукоил“ денеска отвори бензинска станица во населбата Трубарево во општина Гази Баба. 

Претставниците на компанијата најавија висококвалитетни горива и услуги за корисниците и потенцираа дека инвестираат во запазување на еколошките стандарди.

- Овој повеќенаменски комплекс е од големо значење за граѓаните бидејќи со отворањето на овој објект се создадоа дополнителни работни места, рече амбасадорот на Русија во Македонија, Олег Шчербак.

На површина од 3000 м2 бензинската станица e изградена во новиот корпоративен стил на компанијата. Таа се наоѓа ул.1, бр.111, Трубарево, Гази Баба во Скопје, и во нејзини рамки има 11 вработени. Комплексот е повеќенаменски и покрај висококвалитетните еколошки ЕКТО горива како содржини на своите потрошувачи ќе им понуди: маркет, паркинг за лесни и тешки моторни возила, wi-fi и други поволности. Во кругот на бензинската станица се наоѓа центар за технички преглед на возила и филијала на банка.

На отворањето на бензинската присуствуваа и министерот за транспорт Горан Сугарески и градоначалникот на Гази Баба Борче Георгиевски.

Отворената бензинска во Трубарево е 28. ваков објект на „Лукоил“ во Македонија, а осми во Скопје.лв/скс/16:20

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...