• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

ЕЛЕМ со зголемено производство го забавува растот на нивото на Охридското езеро

ЕЛЕМ со зголемено производство го забавува растот на нивото на Охридското езеро

Скопје, 8 март 2018 (МИА) - АД ЕЛЕМ вложува максимални напори со зголемување на производство на електрична енергија да го забави растот на котата на Охридско Езеро, која денеска е 11 сантиметри под максимално дозволената вредност.

Од компанијата информираат дека 2018 година е година на големи води и оти планот за максимално производство се реализира од пред два месеца, а ќе продолжи и во периодот од следните неколку месеци, додека котата не се стабилизира под номиналната максимална вредност од 693.75.

Според хидролошката информација издадена од управата за Хидро-метеоролошки работи, нивото на Охридското Езеро денеска изнесува 693.64 мнв(метри надморска височина), односно е на 11cm под максималната кота од 693.75 мнв.

Од ЕЛЕМ појаснуваат дека со водостопанска дозвола издадена од МЗЖСПП од 24.11.2017 за користење на водата на излез на реката Црн Дрим од Охридското Езеро, пропишано е дека АД ЕЛЕМ за производство на електрична енергија може да ја користи водата помеѓу минималната и максималната кота на Охридското Езеро, од 693.10 до 693.75 мнв, освен во исклучителни случаи при појава на големи води, кога максималната кота може да биде  694мнв.скс/са/12:40

###

 

 

 

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ