Протест на жители од охридски села, се жалат на електроснабдувањето во зима

Протест на жители од охридски села, се жалат на електроснабдувањето во зима

Охрид, 14 март 2018 (МИА)  Жители на охридското село Куратица денеска одржаа протест пред седиштето на ЕВН во Охрид поради, како што велат, честите прекини во дистрибуција на електрична енергија во домаќинствата во селото во зимскиот период.

На мирниот протест „Повеќе не се трпи“ тие изразија незадоволство од дотраената и неодржувана електрична мрежа во тој дел од охридскиот регион во кој гравитираат повеќе села.

- Тука сме да изразиме револт и да предупредиме дека ЕВН треба да инвестира во сопствената мрежа, бидејќи како и претходните години така и оваа зима нашите села со денови се без струја и отсечени од цивилизацијата, изјави Горан Ангелоски, претседател на месната заедница Куратица која и го организираше протестот.

Населението од повеќе села што беа дел од поранешната општина Косел достави и писмено барање до ЕВН за санирање и редовно одржување на тој дел од системот за електроснабдување. аб/лв/15:11

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ