• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Волонтерски ден во Кавадарци, се става нова фасада на зграда во центарот

Волонтерски ден во Кавадарци, се става нова фасада на зграда во центарот

Кавадарци, 20 март 2018 (МИА) -  Во Кавадарци денеска се одржуваат волонтерски активности за изградба на нова фасада кај  зграда во центарот на градот,  како и реновирање на  катот во кој се сместени две пензионерски здруженија. Целта е подобрување на енергетската ефикасност на објектот.

Зоран Костов, извршен директор на Хабитат Македонија, изрази задоволството што француската компанија Saint-Gobain ги избрала за партнер во проектот, во кој се вклучени и изведувачот,  локалните пензионери, станарите во зградата и општината со своја партиципација во дел од трошоците.

- Такви видови на партнерства не е лесно да се организираат и да се спроведат и јас сум навистина среќен што тоа во Кавадарци се одвива според планот, нагласи Костов.

Директорот за комуникации на Saint-Gobain, Ласко Лауко рече дека се горди што имаат можност да донираат во овој проект.

- Веруваме дека на овој начин помагаме на локалните жители и на тој начин ги подобруваме нивните животи. Воедно работиме и на одржливост на самата енергија. Оттаму, сметам дека ваквата донација и самиот волонтерски ден ќе бидат добар пример за останатите компании, да се продолжи со ваквата пракса и во иднина, нагласи Лауко.свд/лв/13:35

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ