Преговорите во рудникот „Саса“ не се почнати

Преговорите во рудникот „Саса“ не се почнати

Штип, 27 март 2018 (МИА) - Раководството на рудникот за олово и цинк „Саса“ во Македонска Каменица очекува наредните денови локалните синдикални организации на СИЕР и на МЕСО да им ги достават соодветните документи со кои ќе докажат дека се репрезентативни по што се треба да почнат преговорите.

Максим Прохоров, менаџер за развој и инвестиции во рудникот, вели дека откако синдикатите ќе ја завршат својата работа, тие како менаџмент се подготвени да ги почнат преговорите со членовите на едниот или на двата синдиката.

- Би требало да има најмалку 20 проценти од вработените во рудникот, коишто би биле членови на тој синдикат, вели Прохоров.

Прашан дали барањата на рударите се реални, Прохоров со одговор дека барањата за зголемување на платите се реални.

- Реално гледано барањата за покачување на плата се реални. Меѓутоа за износот и како ќе се одвиваат преговорите се уште е многу рано да се каже нешто, бидејќи преговорите се уште не се почнати, изјави Прохоров.

Пред точно 10 дена, рударите предводени од локалната синдикална организација на МЕСО го блокираа локалниот пат и протестираа, барајќи повисоки плати и подобри услови за работа. Инаку, рудникот Саса во текот на овој месец како најбезбеден рудник во земјава одбележа 500 дена без повреден рудар. вдј/бак/15:39

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.