Бензините од полноќ со нови повисоки цени

Бензините од полноќ со нови повисоки цени

Скопје, 2 април 2018 (МИА) - Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат од 1,5 до два денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. 

ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за два денари, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98, дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 1,50 денари.

Така, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 67,50 ден/лит, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 69 ден/литар. Новата цена на дизелот ќе биде 59 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство 47,50 ден/литар.

Се зголемува и цената на мазутот што сега ќе се продава по 28,038 ден/кг.

Новите повисоки цени на бензините следат поради повисоката цена на нафтата на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период. бак/ сд/14:51

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Дени де Вито на фестивал во Шпанија добитник на наградата за животно дело на

Американскиот актер Дени де Вито е добитник на наг...

Порномодел ги продава старите силикони за да си купи нови

Британскиот порно модел Тејлор Роуз ги постави сво...

Ел Макферсон во врска со разведен татко на четири деца

Светски познатиот модел Ел Макферсон која неодамна...

Емилија Кларк на невообичаен начин се опрости од серијата „Игра на тронови“

Британската актерка Емилија Кларк на невообичаен н...