Без струја дел од Сарај, Ѓорче, Центар, Карпош и Шуто Оризари

Без струја дел од Сарај, Ѓорче, Центар, Карпош и Шуто Оризари

Скопје, 10 април 2018 (МИА) - Поради изведување технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат делови од општина Сарај, Ѓорче Петров, Центар, Карпош и Шуто Оризари.

Од 08:30 до 10:00 часот, без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од  селата Кондово, Кучково, Бојане, Копаница,  Рашче Грачани,  Рудникот Радуша, викенд населбата Веле Поле и Караулата Чашка во Општина Сарај и Ѓорче Петров.

Од 08:30 до 14:00 часот ќе бидат корисниците од дел од  ул. „Козара“ од бр.15 до бр. 38 во  Општина Центар, од 09:00 до 12:00 часот корисниците од ул. „Орце Николов“ бр. 155 и Центарот за странски јазици во  Општина Карпош и од 09:00 до 15:00 часот корисниците од ул. „Пелагонија“ во  општина Шуто Оризари.скс/18:27

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...