Гевгелија и Богданци заедно ќе изготват програми за енергетска ефикасност

Гевгелија и Богданци заедно ќе изготват програми за енергетска ефикасност

Гевгелија, 13 април 2018 (МИА) - Општините Гевгелија и Богданци ќе спроведуваат заеднички активност за изготвување на програмите за енергетска ефиаксност. Ова е договорено денеска меѓу претставници на двете локални самоуправи на првиот прелиминарен состанок.

Програмата за енергетска ефикасност не само што е од суштинско значење за мониторинг на потрошувачката на електрична енергија во општинските објекти што се во надлежност на локалните самоуправи, туку е и законска обврска од која произлегува следење на потрошувачката и предлагање мерки за нејзино можно намалување, беше истакнато на состанокот што се одржа во Гевгелија.

Претставниците од двете општини истакнаа дека активностите се веќе започнати и дека наскоро ќе следува снимање на потрошувачката на електрична енергија пооделно  за секој објект, поставување на резултатите од мерењето во базата на податоци потребна за изготвување анализа и утврдување на предлог решенија за намалување на потрошувачката.им/скс/13:39

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...