Бензините и дизелот поскапуваат за два денара

Бензините и дизелот поскапуваат за два денара

Скопје, 30 април 2018 (МИА) -  Од ноќеска на полноќ малопродажните цени на бензините Еуросупер 95 и Еуросупер 98, како и на Еуродизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за два денара по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Според РКЕ, малопродажната цена на Еуросупер 95 ќе биде 70 денари, на Еуросупер 98 71,50, на Еуродизелот 62, а на Екстра лесното масло за домаќинство 50,50 денари за литар.

Се зголемува и малопродажната цена на мазутот, за 1,317 денари, поради што килограм ќе чини 30,037 денари. мч/са/14:06

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...