• A-
  • A
  • A+
вторник, 18 септември 2018, 

Палитов: Институциите да извршат детален увид во работењето на Кунико и во целата стечајна постапка во Фени

Палитов: Институциите да извршат детален увид во работењето на Кунико и во целата стечајна постапка во Фени

Кавадарци, 30 април 2018 (МИА) - Претседателот на Синдикатот во „Фени индустри” Ѓоре Палитов попладнево ги повика институциите да извршат детален увид во претходното работење на Кунико, сопственикот на „Фени” и во целата стечајна постапка, зашто, како што нагласи, „повторно тоа старо Кунико го гледаме во нашата компанија секојдневно, само преку друг назив”. 

- Нашата компанија и после шест месеци се уште се наоѓа во стечајна постапка иако се тврдеше дека оваа постапка ќе се реши за максимум два месеца. И наместо ние вработените и синдикалните работници да направиме максимум таа постапка да ја придвижиме кон подобро, некои се одлучија да бидат ПР врска на старо новиот менаџерски тим на Кунико, оној Кунико кои самите викаат дека е криминален, само што сега називот е сменет во Еуроникел, Гсол, ФОС или некое друго име, рече Палитов. 

Тој изрази сомневање во целиот процес на стечајна постапка.

- Би сакале да ја информираме јавноста дека Собранието на доверители на претходното рочиште изгласа дека „Фени” ќе добие нов сопственик преку план за реорганизација. На истото рочиште беше кажано од страна на претставници на банките дека тој план ќе биде даден за максимум 15 дена. Но, дури после 50 дена, пробивајќи секакви рокови, планот за реорганизација од страна на ГСОЛ беше предаден на 10.04.2018 во Судот од Велес. Иако законските норми укажуваат на тоа дека планот за реорганизација треба да се даде на увид до вработените и сите доверители, 20 дена подоцна ние се уште го немаме, иако тоа е од суштинско значење за иднината на оваа компанија, додаде Палитов. свд/вј/17:19

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ