ЕЛЕМ: „СВ Инвест“ никогаш не била ангажирана како подизведувач за транспорт на јаглен во РЕК Битола

ЕЛЕМ: „СВ Инвест“ никогаш не била ангажирана како подизведувач за транспорт на јаглен во РЕК Битола

Скопје, 30 април 2018 (МИА) - Фирмата „СВ Инвест“ - Битола никогаш не била ангажирана како подизведувач за транспорт на јаглен во РЕК Битола, информираат од АД Електрани на Македонија.

Нагласуваат дека тврдењето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е целосно неточно.

Мицкоски денеска во видео обраќање побара од Обвинителството да провери дали е точно дека компанијата „СВ Инвест“ е ангажирана за подизведувач во оперативните градежни работи во РЕК Битола.

- Од видео материјалот може да се види дека фирмата „СВ Инвест“ врши превоз на јаглен со товарни возила кои се со јасна ознака на оваа компанија, но се со струмички регистерски таблици. Тоа е така бидејќи сопственик на овие камиони кои се гледаат од видео материјалот не е „СВ Инвест“, туку компанијата „ДГИ Тотал Инжинеринг Струмица“ каде управител и сопственик е лицето Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев, обвини Мицкоски. вј/рп/18:18

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Тинејџерка преживеала 49 дена на отворено море пиејќи цедена морска вода

Индонезиска тинејџерка минала 49 дена на отворено ...

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ-екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ-серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...