ЕЛЕМ продаде вишоци електрична енергија за 3.874.598 евра

ЕЛЕМ продаде вишоци електрична енергија за 3.874.598 евра

Скопје, 4 мај 2018 (МИА) - АД ЕЛЕМ во текот на вчерашниот ден продаде вишоци електрична енергија во количина од 88.320 мегават часови, по цена од 43,87 eвра за мегават час. Вкупната заработка за компанијата е 3.874.598 евра.

Од АД ЕЛЕМ соопштуваат дека продадените вишоци се ,,базна” електрична енергија (0-24ч) за периодот јуни, јули и август 2018 година.

АД ЕЛЕМ понуди и 14.400 мегацат часови ,врвна” енергија (8-20ч) за која се доби највисока цена од 44,05 евра за мегават. Со оглед на тоа што постигнатата цената беше под проценките за исплатливост на производството на електрична енергија од наведениот тип, не беше извршена продажба на оваа количина. Продажбата на електрична енергија која беше реализирана, ќе овозможи зголемување на производството во обем на наведените количини, подобрување на финансиската состојба и зголемување на портфолиото на компанијата, се вели во соопштението од АД ЕЛЕМ.са/сд/11:13

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ