• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

До 21 мај подонесување барања за субвенции за печки на пелети

До 21 мај подонесување барања за субвенции за печки на пелети

Скопје, 7 мај 2018 (МИА) - Град Скопје потсетува дека е во тек јавниот повик за надоместување на дел од трошоците за набавка на печки на пелети. Граѓаните што ќе купат печки на пелети заклучно со 21 мај 2018 година, ќе добијат дел од трошоците за набавка во висина од 70 отсто, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство. Овој повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Град Скопје го објави овој јавен повик за да се унапреди квалитетот на воздухот и да се намали аерозагадувањето, особено од партикуларните честички од затоплувањето на домовите што не се приклучени на централното греење.

Предноста на користењето на пелетите е повеќекратна: поголема калориска моќност, минимално загадување на воздухот, продуцирање на помала количина пепел, се продаваат во рефус варијанта, во кеси од 15кг, заради што набавката може да се одвива континуирано, по потреба, не е потребен голем простор за складирање и чување и сл, наведуваат од Град Скопје. Печките на пелети, пак, се поефикасни од класичните, помалку загадуваат, нема потреба од секојдневно чистење пепел и се плесни за ракување.

Повикот за субвенционирање беше објавен на 5 април 2018 година и е предвидено да трае 45 календарски дена, заклучно со 21 мај 2018 година, или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена. Досега до Град Скопје се поднесени 163 барања за субвенции.лв/са/13:13

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...