• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Гостивар до 17 часот без струја, ЕВН врши реконструкција на мрежата

Гостивар до 17 часот без струја, ЕВН врши реконструкција на мрежата

Гостивар, 14 мај 2018 (МИА) - Гостивар и неколку околни населби денеска  се без напојување со електрична енергија поради поправки и реконструкција на електричната мрежа. Според најавите од ЕВН Македонија, редовното снабдување треба да се воспостави од 17 часот.

Од службата за информирање на ЕВН Македонија потврдија дека прекинот во снабдувањето на корисниците започна утрово од 9 часот.

- Екипите на ЕВН Македонија ќе работат на реконструкција и модeрнизирање на дистрибутивната мрежа. Заради реализација на инвестициските зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енерија, без снабдување ќе останат населените места кои припаѓаат на Кориснички Енерго Центар (КЕЦ) Гостивар, наведуваат од ЕВН Македонија.

Без струја од утрово па сé до 17 часот ќе бидат градското подрачје, реоните околу индустриските објекти на Вардар Доломит, фабриката Циглана, населбите Циглана, Фазанерија и селото Долна Бањица.згм/скс/12:02

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ