Повисоки цени на горивата

Повисоки цени на горивата

Скопје, 14 мај 2018 (МИА) - Малопродажните цени на горивата од утре се зголемуваат од еден до два денара.

Според Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика донесена денеска, цената на Еуросупер БС - 98 се зголемува за два денара за литар и ќе се изнесува 73,50 денари. Цената на Еуродизелот се зголемува за еден денар и ќе биде 63 денари за литар, а малопродажната цена на Еуросупер БС-95 и Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 1,5 денар и ќе изнесува 71,50, односно 52 денара.

Се зголемува и цената на мазутот за 2,1 денар за килограм. Новата цена ќе изнесува 32,13 денари за килограм.

Просечната цена на суровата нафта во изминатите 14 дена изнесуваше 75,134 долари за барел, а курсот на денарот во однос на доларот 51,30 денари.скс/са/12:45

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...