• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

ЕЛЕМ ќе продава вишоци електрична енергија

ЕЛЕМ ќе продава вишоци електрична енергија

Скопје, 17 мај 2018 (МИА) - АД ЕЛЕМ објавува продажба на вишоци на електрична енергија за јуни годинава во вкупни количини од 24.480 мегават часови, од кои 14.400 се „базна”, а 10.080 „врвна” електрична енергија.

Продажбата, како што информираат од компанијата, ќе се одржи во вторник на 22 мај во просториите на Дирекцијата на АД ЕЛЕМ – Скопје, по пат на аукциско наддавање од страна на лиценцираните трговци и снабдувачи со електрична енергија, со кои ЕЛЕМ има склучено рамковни договори.

- Во понатамошниот период ќе следуваат нови објави за продажба на вишоци електрична енергија за јули, благодарение на добрата оперативна производствена кондиција во која се наоѓаат термоелектраните и хидроелектраните на АД ЕЛЕМ, како и поради добрата оптимизација на производството која е направена во изминатиот период и која овозможува дополнително производство на електрична енергија, велат од ЕЛЕМ.

Последната продажба во АД ЕЛЕМ се одржа на 3 мај годинава кога на беа продадени вишоци електрична енергија за 3.874.598 евра. вј/скс/15:23

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...