Бензините и дизелот поскапува за два денара

Бензините и дизелот поскапува за два денара

Скопје, 28 мај 2018 (МИА) - Малопродажните цени на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се зголемуваат за два денара, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Според Одлуката новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 73,50 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава по 75,50 денари, Дизелот ќе се продава по 65 денари, додека Екстра лесното масло за домаќинство 54 денари за литар.

Се зголемува и цената на мазутот и ќе изнесува 34,53 денари за килограм.

Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период изнесуваше 78,68 долари за барел, а курсот на денарот во однос на доларот 52,06 денари.скс/сд/

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ