Енергетската заедница ги повлече споровите против РМ

Енергетската заедница ги повлече споровите против РМ

Скопје, 28 мај 2018 (МИА) -  Секретаријатот на Енергетската заедница денеска ги повлече поднесените барања за спорови против Република Македонија, соопшти Кабинетот на заменик-премиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. 

- По серија јавни расправи во кои беа вклучени сите засегнати страни, во транспарентна постапка, Собранието на 21-ви мај 2018 година го донесе новиот Закон за енергетика, во кој се транспонирани ЕУ директивите и регулативите на  Третиот енергетски пакет. Со новиот закон се враќа основното човеково право на избор на потрошувачот од кого ќе се снабдува со енергија, а воедно и се исполнуваат  условите за отворање на пазарот на електрична енергија, што ќе донесе поголема конкуренција и подобар квалитет на услугите на граѓаните на Република Македонија, стои во соопштението.

Од Кабинетот на Анѓушев посочуваат дека преку  креирање на новото законско решение  Владата недвосмислено покажа политичка волја  и посветеност за спроведување на реформите во енергетскиот сектор.

Потсетуваат дека овој суштински закон требаше да биде донесен најдоцна до 1 јануари 2015 година, а поради ненавременото исполнување на преземените обврски од Европската Унија и нетранспонирање на Третиот енергетски пакет,  Секретаријатот на Енергетската заедница имаше покренато постапки за спорови кон Република Македонија:

Во соопштението појаснуват дека Спор 2/15, е отворен од Секретаријатот на Енергетска заедница, за неуспех за транспонирање и имплементирање на одредбите за отворање на пазарот на електрична енергија, за што рокот  согласно Договорот за основање на Енергетската заедница беше 1 јануари 2015 година за сите потрошувачи  (вклучувајќи ги и домаќинствата).

Спор 9/16 е отворен од Секретаријатот на Енергетска заедница, за неусогласување со Договорот за основање на Енергетската заедница, односно нетранспонирање и неимплементирање на Третиот енергетски пакет до утврдениот рок од 1 јануари 2015 година.скс/сд/15:00

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...