АД ЕЛЕМ ги презема сите мерки за намалување на нивото на Охридското Езеро

АД ЕЛЕМ ги презема сите мерки за намалување на нивото на Охридското Езеро

Скопје, 29 мај 2018 (МИА) - АД ЕЛЕМ се свесни за состојбата со Охридското Езеро и се преземаат сите мерки за да се намали нивото на водата.

Хидроелектраните на АД ЕЛЕМ во моментов, но и подолг период наназад работат со максимален капацитет.

Проценките на ЕЛЕМ се дека во рок од еден месец нивото на езерото ќе се спушти под 693.75 мнв, што е дозволена кота за година со високи води, како што беше оваа, велат оттаму.

Од АД ЕЛЕМ велат дека во моментов водотеците веќе се смируваат и се намалуваат и оти веќе се создаваат услови за позабележително намалување на котата. 

Жители и хотелиери од Охрид денеска побараа итно намалување на нивото на водата на Охридското Езеро, во спротивно се заканија со правни мерки. ац/сд/13:43

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...