• A-
  • A
  • A+
среда, 26 септември 2018, 

Меѓународна енергетска конференција во Струга

Меѓународна енергетска конференција во Струга

Струга, 7 јуни 2018 (МИА) - „Македонски енергетски форум - 2018“ е насловот на Меѓународната енергетска конференција што денеска и утре ќе се одржува во Струга во организација на Владата на Република Македонија, АД ЕЛЕМ, Амбасадата на САД и институтот ЗИП.

Експерти од повеќе европски земји и САД ќе говорат на актуелни теми од областа на енергетиката, а најавено е обраќање на премиерот Зоран Заев и амбасадорот на САД Џес Бејли. 

Предвидени се пет панели на тема „Енергетиката во светот во следните 20 години“, „Обновливи извори на енергија, микро-мрежи и складирање на енергија“, „Енергетската стабилност и сигурност на Западен Балкан“, „Гасификација и разновидност во снабдувањето со природен гас“ и „Енергетска политика во Република Македонија – патоказ“. сс/нд/07:35

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Кина ќе ги проучува поларните области на Месечината

Кина има намера до 2030 да испрати апарат кој ќе г...

Казна за непристојните во градскиот превоз

Многумина, поготово момчињата имаат навика во авто...

Мел Гибсон снима преработка на „Дивата орда“

Познатиот глумец и режисер Мел Гибсон ја подготвув...

Почина уште еден актер од серијата „Синови на анархијата“, втор во три месеци

Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата в...

Вили на Босфорот се продаваат за цени и до 100 милиони долари

Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул...