• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Отстранет дефектот во системот за водено отпепелување во ТЕ Осломеј

Отстранет дефектот во системот за водено отпепелување во ТЕ Осломеј

Скопје, 12 јуни 2018 (МИА) - АД ЕЛЕМ соопшти дека е отстранет дефектот во системот за водено отпепелување кој настана синоќа во термоелектраната Осломеј, поради што дојде до исфрлање одредена количина пепел во атмосферата.

Станува збор за механички дефект, заглавен резервоар за хидросмеса, кој е веќе отстранет.

Стручните екипи на електраната работат на повторно вклучување на електростатскиот филтер на оџакот на ТЕ Осломеј и во секој момент се очекува да продолжи воденото отпепелување, согласно еколошките стандарди, наведуваат од АД ЕЛЕМ.лв/са/11:57

###

 

 

 

                                                                                                   АД „Електрани на Македонија“

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ