• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

ЕЛЕМ: ТЕ Осломеј ќе се исклучи, се вклучува Блок 2 во РЕК Битола

ЕЛЕМ: ТЕ Осломеј ќе се исклучи, се вклучува Блок 2 во РЕК Битола

Скопје, 12 јуни 2018 (МИА) - Термоелектраната Осломеј ќе се исклучи и на нејзино место ќе го вклучи Блок 2 во РЕК Битола, информира АД ЕЛЕМ.

- И покрај тоа што дефектот на системот за водено отпепелување е отстранет и ТЕ Осломеј може да работи по сите еколошки стандарди, раководството на АД ЕЛЕМ одлучи да го запре производството на електрична енергија во електраната, имајќи ја предвид загриженоста и сензитивноста на населението од околните места, информираат од компанијата.

Блок 2 во РЕК Битола, нагласуваат, е веќе во мрежа, по превентивниот зафат во текот на викендот, и може непречено да се вклучи во производниот процес. вј/са/14:38

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ