Владата ќе преговара со Хеленик Петролеум, идната година гасовод кон Грција

Владата ќе преговара со Хеленик Петролеум, идната година гасовод кон Грција

Скопје, 18 јуни 2018 (МИА) - Хеленик Петролеум иницира, а Владата со задоволство ќе прифати средба и ќе преговара за нафтоводот, рече денеска вицепремиерот Кочо Анѓушев.

На прес-конференција во Владата, Анѓушев одговарајќи на новинарски прашања соопшти дека преговорите не се почнати, но ќе почнат и за тоа јавноста ќе биде информирана. 

- Хеленик Петроелум иницира средба со Владата која ние со задоволство ќе ја прифатиме. Нема да бегаме од никаков разговор, ниту од проблемите кои се наследени, мора да ги прифатиме и да ги решаваме, подвлече вицепремиерот. 

Во врска со гасоводот кон Грција информира дека најверојатно активностите ќе почнат и конкретно да се реализираат во втората половина на 2019 година. Веќе постои меморандум за разбирање и тој, како што нагласи Анѓушев, треба да почне да се реализира.

- Меѓународните институции се заинтересирани за финансирање на овој гасовод. Неговата изградба ќе значи конкурентност на снабдувањето со гас, но и можност Македонија да стане транзитна земја. Следната година очекуваме реализација. Сега ќе се прави основниот проект, по што ќе следува и тендер, информира вицепремиерот. Кочо Анѓушев на денешната прес-конференција во Владата.мч/са/13:11

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...