• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Вонредна седница на Советот на Кичево за ТЕЦ „Осломеј“

Вонредна седница на Советот на Кичево за ТЕЦ „Осломеј“

Кичево, 18 јуни 2018 (МИА) - Претседателот на Советот на општина Кичево Аќиф Медиу денеска свика вонредна седница на која на дневен ред беше една точка - разгледување на состојбите при пуштење во работа на ТЕЦ „Осломеј“.

Уште на почетокот на седницата имаше обвинување од советниците на опозицијата дека на се интервенирало на време и дека раководните структури на ТЕЦ „Осломеј" треба да понесат одговорност. Од друга страна, пак, мнозинството се правдаше дека технички грешки се можни и се непредвидливи, не треба да се бара одма одговорност, но треба да се бара објаснување од надлежните иако причините се надминати односно раководството интервенирало и моментално ТЕЦ „Осломеј“, и затоа ситуацијата не треба да се политизира.

На крајот советот со мнозинство гласови усвои заклучок, со што ја задолжи комисијата за животна стедина да побара институционална информација од ТЕЦ „Осломеј", а потоа да го информора советот на наредната сеница што точно се случило на 12 јуни во комбинатот. Опозицијата бараше да се формира нова комисија за да го испита случајот, но предлогот не помина.рз/13:34

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ