Бектеши на Министерскиот форум за одржлива енергија во Виена

Бектеши на Министерскиот форум за одржлива енергија во Виена

Виена, 22 јуни 2018 (МИА) - Министерот за економија Крешник Бектеши денеска во Виена учествуваше на Министерскиот форум за одржлива енергија, каде министрите одговорни за енергијата од Балканот и земјите-членки на Европската унија, разговараа за начините и акциските планови за зголемување на производството на електрична енергија преку обновливи извори на енергија.

Главната цел на состанокот е да се заштити животната средина, во текот на производството на електрична енергија и плановите кои треба да се имплементираат по 2020 година во државите потписнички на Договорот за основање на Европската енергетска заедница, соопшти Министерството за економија.

Министерот Бектеши во своето излагање нагласи дека Македонија во изминативе 12 месеци направи реформи во сите енергетски области, почнувајќи од донесувањето на новиот Закон за енергетика, целосно координиран со Европската енергетска заедница, рангирајќи се во најреформаторната земја во рамките на Енергетската заедница. Исто така тој повика на интензивирање на регионалните проекти, со цел да се постигне поголема енергетска стабилност, имајќи предвид дека целиот регион зависи од увозот на електрична енергија.

Министерот за економија Крешник Бектеши е претседавач на Претседателството на Енергетската заедница за 2018 година, и во тоа својство ќе присуствува на годишниот состанок на министрите одговорни за енергетика, индустрија и економија, кој ќе се одржи во Вахау, во близина на Виена, со тема енергетски транзит во земјите потписнички на Договорот за основање на Европската енергетска заедница, се вели во соопштението од Министерството за економија. вј/са/13:51

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...