• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Вработени во ТЕ-ТО: Планот за реорганизација шанса за развој на компанијата

Вработени во ТЕ-ТО: Планот за реорганизација шанса за развој на компанијата

Скопје, 25 јуни 2018 (МИА) - Вработени во акционерското друштво „ТЕ-ТО“ од Скопје во пишана изјава денеска дадоа поддршка за усвоениот План за реорганизација на компанијата.

Ги подржуваат, како што стои во изјавата,  сите субјекти кои се заинтересирани и активно работат на изнаоѓање реални решенија кои на компанијата ќе ѝ овозможат да ги надмине проблемите со финансиската стабилност и конкурентноста на постројката на пазарите на енергија со цел  да продолжи со својот раст и развој.

- Ние сме убедени дека токму овој план ѝ дава реална шанса на нашата компанија да продолжи да се развива, што претставува најдобра гаранција за стабилноста на работните места и за редовна исплата на плати и придонеси кои овозможуваат просперитет и благосостојбата на сите вработени и на нивните семејства, се наведува во изјавата.

Според изјаваа, мнозинството акционери и доверители на компанијата  „и по цена на откажување од некои свои поединечни интереси, покажале висока зрелост и разбирање и дале согласност за реализација на планот за реорганизација, со што обезбедиле предуслови да продолжи редовната работа и функционирање на компанијата“.

- Ги повикуваме останатите малцински акционери и доверители наместо да размислуваат како да ги блокираат започнатите позитивни процеси, да почнат вистински да работат за доброто на компанијата, затоа што само на таков начин таа ќе може да опстане што, секако е и нивен врвен интерес, стои во изјавата.лв/са/13:40

###



Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...