Во април 66,7 проценти од потрошената струја од домашно производство

Во април 66,7 проценти од потрошената струја  од домашно производство

Скопје, 25 јуни 2018 (МИА) - Бруто-домашното производство на електрична енергија во април годинава учествува со 66,7 проценти во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија,  додека 91,6  проценти од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија,  објави денеска Државниот завод за статистика. 

Во Македонија во април годинава се потрошени 539.955 МWh електрична енергија, 6.391 милиони нормални метри кубниприроден гас, 291.161 тон јаглен и 84.814 тони нафтени продукти. лв/дма/14:42

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ