Се разгледаат опциите дали калориметрите ќе ги плаќаат граѓаните или компанијата снабдувач

Се разгледаат опциите дали калориметрите ќе ги плаќаат граѓаните или компанијата снабдувач

Скопје, 28 јуни 2018 (МИА) - Регулаторната комисија за енергетика ќе ги разгледа опциите дали поставувањето на мерните уреди за парно греење познати како калориметри ќе бидат на трошок на граѓаните или на компанијата снабдувач со топлинска енергија.

Од РКЕ велат дека кај зградите каде има хоризонтален систем може да се постават соодветни уреди за мерење, додека онаму каде што има вертикална инсталација, поставувањето на калориметрите не е едноставно. - Ќе се обидеме во рамки на Законот за енергетика, онаму кадешто може, да бидат поставени вакви уреди, истакнуваат од РКЕ.

Новото раководство на РКЕ најавува и изнаоѓање на решение за проблемот на граѓаните кои се исклучени од парно греење, а плаќаат надоместок. Велат дека ќе остварат средба со граѓаните од здружението „Но пасаран“ и со компанијата снабдувач на топлинска енергија. 

Од мај следната година се очекува да биде донесена и нова методологија за утврдување на цената на нафтените деривати. бак/са/12:59

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ