• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Струјата поевтинува за 0,1 проценти

Струјата поевтинува за 0,1 проценти

Скопје, 29 јуни 2018 (МИА) - Цената на електричната енергија за потрошувачите во Македонија се намалува за 0,1  проценти. Пониската цена на струјата ќе важи од 1 јули годинава.

Одлуката ја донесе денеска Регулаторната комисија за енергетика, а денеска  на прес-конференција ја соопшти претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

Тој информира  дека цената на ЕЛЕМ за производство се намалува за 3,39 проценти, на АД МЕПСО за дистрибуција се намалува за 5,34 проценти, додека на ЕВН Македонија за дистрибуција се зголемува за 2,59 проценти.

Како што информираа вчера од РКЕ, компанијата ЕВН побарала зголемување на цената за девет проценти, ЕЛЕМ намалување за 1,5 проценти, а МЕПСО не побарале ниту зголемување, ниту намалување. бак/скс/13:12

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ