• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Струјата поевтинува за 0,1 процент (видео)

Струјата поевтинува за 0,1 процент (видео)

Скопје, 29 јуни 2018 (МИА) - Цената на електричната енергија за потрошувачите во Македонија се намалува за 0,1 проценти. Пониската цена на струјата ќе важи од 1 јули годинава.

Одлуката ја донесе денеска Регулаторната комисија за енергетика, а на прес-конференција ја соопшти претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

Тој појасни дека намалувањето сега е минимално поради тоа што со воведувањето на евтината тарифа практично е извршено намалување на цената на струјата за околу четири проценти. 

- Минатата година при пресметките РКЕ не го зема предвид воведувањето на евтината тарифа. Со воведувањето на евтината тарифа потрошувачката на електрична енергија се зголеми во периодите кога важи евтината тарифа, а се намали во периодите кога важи скапата тарифа. Врз основа на тоа, ЕВН Македонија остварува помали приходи и тоа е единствена причина, рече Бислимоски.

Цената на ЕЛЕМ за производство се намалува за 3,39 проценти, на АД МЕПСО за дистрибуција се намалува за 5,34 проценти, додека на ЕВН Македонија за дистрибуција се зголемува за 2,59 проценти.

Како што информираа вчера од РКЕ, компанијата ЕВН побарала зголемување на цената за девет проценти, ЕЛЕМ намалување за 1,5 проценти, а МЕПСО не побарале ниту зголемување, ниту намалување. бак/скс/14:03

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...